А. Пазарна стратегија
Офанзивен пристап, следејќи ја поголемата коњуктура на пазарот на металопреработувачката индустрија:
- Следење и оперативна помош на клиентите од идеја до комплетна реализација на проектите;
- Позитивни оперативни контакти со финансиски институции и инвестициони фондови во земјата и странство;
- Покривање со поимот за компанијата на сите интересни простори на пазарот;
- Перманентна презентација на кадровските и техничко технолошките потенцијали на компанијата;
- Перманентно иновирање и инвестирање во знаења и вештини и техничко-технолошко унапредување на производните процеси преку учество на семинари, симпозиуми, конференции, посета на специјализирани саеми.
Б. Конкурентска предност
На домашен пазар, компанијата практично нема конкуренција за пообемни, позахтевни и поодговорни работи каде се бара најголема стручност и квалитет, примена на светски стандарди и поседување на меѓународно признати сертификати.
ФАКОМ АД - Скопје перманентно ја развива и унапредува конкурентската предност што ја има во земјите на поранешна Југославија и соседните земји.
ФАКОМ АД - Скопје е најдобар избор за секој клиент во подрачјето на тешката индустрија (металургија, рафинерии, цементарници, термоцентрали), големите објекти (производни хали, спортски сали, стадиони), мостовите и специјалните конструкции (силоси, резевоари, оџаци, хидротехничка опрема и цевководи итн).