ФАКОМ АД Скопје ја утврдува оваа политика за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа, заради обезбедување производите и услугите кои им ги испорачуваат на купувачите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат во согласност со важечките законски прописи, национални и меѓународни стандарди. ФАКОМ АД Скопје се грижи за животната средина и ги има утврдено сите аспекти ивлијанија на околината, и со нив управува во согласност со барањата на Системот за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа и законските прописи. ФАКОМ АД Скопје се грижи за здравјето и безбедноста при работа на сите свои вработени, како и на сите работни места и со нив управува во согласност со барањата на Системот за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа и законските прописи.
Насоченоста кон потребите на купувачите и задоволството на купувачите од извршената работа се најважните вредности според кои ФАКОМ АД Скопје ја мери и одредува својата вкупна успешност. Посебна определеност посветуваме на зачувување на биолошко-еколошките вредности на околината, спроведувајќи превентивни мерки за заштита на околината, како и зачувување на здравјето и безбедноста при работа.
Да би се постигнале, одржале и зајакнале тие вредности, ФАКОМ АД Скопје воспостави цели за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа:
-
Да вработуваме стручни и амбициозни луѓе кои ќе имаат можности и обврска постојано да се развиваат и усовршуваат
-
Да набавуваме најсовремени информатички икомуникациски ресурси како и останата опрема, инфраструктура и окружување за пријатна работа
-
Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите
-
Да на купувачите им се нудат оптимални и целосни решенија
-
Да се реализираат решенија кои во целост ги подржуваат барањата и потребите на купувачот
-
Континуирано извршување на активностите и задачите така што се спречува загадувањето на околината
-
Соработка и отвореност кон сите заинтересирани страна
-
Да се применува и подобрува ефикасноста на интегрираниот систем втемелен на барањата на меѓународните норми ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001 и да тежи кон надминување на висината на тие барања
-
Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа
-
Да се остварат целите за заштита на здравјето и безбедност при работа
Секој вработен во фирмата мора да биде запознаен со политиката за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа, да ја разбере и прифати како трајно начело во сопственото работење.
Политиката за квалитет, околина, здравје и безбедност при работа се издава и како самостоен документ кој го потпишува директорот на фирмата. Има статус на управуван документ.